| четврток, 6 декември 2018 |

Предвидените 5% на платите кај медицинарите, мотив да заминат од државава


Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки апелира до Владата за зголемување на платите во здравството. Според нив, предвиденото покачување од 5% не кореспондира со работните обврски, а ниту вложените средства во образование и подготовка.

„Унијата на ЗМСТА се залага за поддршка и заштита на интересите на сестринството и би сакале да потенцираме дека токму оваа проблематика, односно ниските примања на здравствените работници со средно, више и високо образование се главна причина за одлевањето на стручниот медицински персонал од сите здравствени установи. Потсетуваме дека Унијата се формира со една единствена цел – сплотеност на медицинските сестри, стоматолошките сестри, медицинските техничари и акушерки од јавниот и приватниот сектор на ниво на целата република“, вели м-р Горданка Бешлиовска, координатор на Унијата.

Тие потенцираат дека се отворени за соработка и поддршка за сите активности кои Владата ги има предвидено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top