| четврток, 6 декември 2018 |

Њуи: Се уште се чувствувам виновен за смртта на Сена

Адријан Њуи се уште се чувствува виновно за несреќата која го одзеде животот на Аиртон Сена во 1994 година. Сега актуелниот технички директор на Ред Бул, тогаш Њуи беше водечки дизајнер во Вилијамс. Сена загина на Имола откако неговиот автомобил FW16 ја напушти патеката во седмиот круг. Ова се случи кратко време откако трката беше продолжена, откако имаше автомобил за безбедност на трасата.

Инцидентот беше проследен со години на истрага, откако главна причина беше посочена во менувачот – модифициран исменет пред мечот. Нешто за кое жали Њуи. Но, тој гледал видео од автомобилот кој бил зад Сена – оној на Михаел Шумахер, а видеото го убедува дека ова не е причината за несреќата.

Видеото покажува дека автомобилот на Сена губи потисок на задниот дел. Сепак, вината на Њуи останува.

„Без разлика дали овој менувач ја предизвика несреќата или не, не можеме да избегаме од фактите дека тоа е лош дел и дека воопшто не требало да го ставиме“, објаснува Њуи. „Бев еден од оние кои се одговорни во тимот кој го дизајнираше автомобил во кој голем човек загина“.

Самиот Сена го туркал тимот за подобрување, откако заостанувал од Шумахер во првиот дел од сезоната.

„Она за што се чувствувам најмногу виновен е дека јас зафркнав во делот на аеродинамиката. Згрешив при преминот од активна суспензија на пасивна и направив автомобил кој беше аеродинамички нестабилен“, продолжува Њуи со своето гледање на настанот.

„Аиртон се обидуваше да прави работи, што автомобилот едноставно немаше капацитет да ги направи. Без разлика што се случило, автомобилот беше тешко да се контролира дури и за него“, рече тој

„Јас секогаш ќе се чувствувам одговорен за смртта на Аиртон, но знам дека не сум виновен“, заклучи тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top