Расте побарувачката за работна сила во Германија. Во третиот квартал годинава биле отворени 1.097.600 работни места, дури 175 илјади повеќе отколку во истиот период минатата годин, соопшти Институтот за истражување на пазарот на трудот(ИАБ).
„Во споредба со минатата година, побарувачката особено се зголемила во преработувачкиот сектор, прометот и логистиката“, вели Александар Кубис од ИАБ.
Има потреба од работници и во секторот услуги, градежништво и трговија. Најголема побарувачка има во малите фирми со околу 50-тина вработени.
ИАБ четирипати годишно врши проверка на фирмите кои огласиле слободни работни места. Експертите проценуваат дека големата побарувачка за стручна работна сила нема да биде можно да се покрие со работна сила од земјите на Европската Унија туку дека е потребно отворање на германскиот пазар на труд за стручњаци од целиот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


