Пешак загина во близина на клучката кај штипското село Чардаклија. Возачот избегал од местото на несреќата, а полицијата до доцна попладнево не можеше да го идентификува загинатиот. Клучката кај Чардаклија е една од црните точки во општината, а последнава жртва го искачи на 30 негативниот скор на патиштата низ Истокот, информира ТВ24.
Од полицијата сепак велат дека сите патишта се црни точки иако има неколку делници што се означуваат со висок ризик.
„Најчести места каде се случиле овие сообраќајки се на магистралниот пат Штип-Велес, кај Каратманово, Кадрифаково, на патот Штип-Радовиш и на крстосницата за Негтотино.“ – вели Гордана Панајотова, портпарол СВР Штип.
Граѓаните сметаат дека не сите возачи ги почитуваат сообраќајните правила, се вози и брзо и невнимателно. Загрижува податокот дека за разлика од лани бројот на жртви во сообраќајни несреќи на Истокот се зголемил двојно. Полицијата апелира да се внимава кога се седнува зад волан.
„Апелираме до сите учесници за внимателно возење, почитување на брзината и користење на пијаси и некористење на мобилните во тек на возењето и да не се вози под дејство на алкохол“ – вели Панајотова, СВР Штип.
Најцрн биланс имаше во јули годинава кога во еден ден во три одделни сообраќајни несреќи загинаа шест лица и пред еден месец кога на патот пред Делчево загина тричлено семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


