| четврток, 6 декември 2018 |

Ванковска со порака до Тевдовски: Кажи аман Бране, не ме брани веќе

Да сум место на министерот би се загрижила за ФБ кампањата на неговиот советник, и би му рекла: аман Бране, не ме брани веќе! – напиша професорката Биљана Ванковска на својот фејсбук профил.

Според неа забелешката дека за зголемувањето на акцизите не треба да дебатираат некомпетентните е во најмала рака елитистичка и арогантна, бидејќи идејата на демократско управување се заснова на инклузивност и партиципативност, а не на замолчување на тие што не знаат!

-Како обични граѓани, учени или неучени, имаме право гласно да размислуваме, да негодуваме, да сме загрижени за ланецот на веројатни поскапувања. Тоа што неговиот советник само ја потпали чергата со обвинување дека сме себични и несолидарни и дека сиромашните нема да ги погоди мерката е работа на односи со јавност. Некогаш е попаметно да се молчи и да се работи – вели професорката.

Дрско и безобразно:Тевдовски апелира до медиумите ако не биле стручни, да не манипулирале со темата „дизел“!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top