| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ бара партиски членови и донатори да го водат јавното обвинителство

Зоран Заев продолжува со силување на целиот правосуден систем и негово тотално партизирање. Целта е ставање на оваа област под контрола на врхушката на власт. Не постои друго образложение за намерите на СДСМ јавното обвинителство да им биде отстапено на кадрите од СЈО.

Ваквиот обид на СДСМ е надвор од секоја логика особено што се знае партиско-политичкото дејствување на Катица Јанева и информациите кои за неа беа објавувани во медиумите. Со поставувањето на Јанева за прв човек на ова обвинителство, а за која излезе информација во јавност поткрепена со докази дека е член на СДСМ и има уплаќано членарина, само се истакна волјата на актуелната влада за политички монопол врз правосудниот систем

Неуставното формирање на СЈО очигледно беше почеток на играта на СДСМ за окупирање на правниот систем со цел да се удри по темелите на ВМРО-ДПМНЕ. Додека кога станува збор за СДСМ и нивните луѓе ова обвинителство ќе постапува контролирано. Целта притоа ќе биде единствена – да се има алиби.

Нацрт стратегијата која е подготвена пак предвидува проширена надлежност на СЈО што би било дел од измените во Законот за јавното обвинителство.

Сето ова се прави со намера да му се даде како легитимитет, така и легалитет на СЈО. Бидејќи актуелната власт има потреба од институција за гонење на неистомисленици и тоа го прави со промена на закони и изедначување на институции.

За да може Јанева или некој од нејзините соработници да го преземат Јавното обвинителство на Република Македонија и од таму да ги реализираат монтираните случаи потребна е измена во повеќе закони за кои СДСМ и ДУИ не можат сами да одлучуваат, туку е неопходна поддршката и од другите учесници во Пржинскиот договор, пред се од дветретини од народните избраници.

Секоја интервенција во законот за СЈО или во Законот за јавно обвинителство или Законот за судови бара не само обично, туку дво третинско мнозинство.

Заев во моментов такво мнозинство нема и надвор од здравиот разум е да очекува дека може да го обезбеди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top