
Зелените полиња кои гарантираат чист воздух вчера се обоија во портокалово и виолетово. Канцерогените ПМ честички неколкукратно ги надминаа дозволените вредности.
Густи магли од смог надвиснаа над скопски Центар и Карпош како и Аеродром. Таму, во приквечеријата воздухот станува опасен по здравјето на граѓаните.
Покрај скопјани, естремно загаден воздух дишат и битолчани, тетовци и кумановци. За да се заштитат граѓаните се затворија во домовите, а надлежните останаа затворени за информации. За конкретни мерки допрва ќе говорат. Во моментот потенцираат само дека вина за повторување на минатогодишната алармантна сосотојба со воздухот ја делат и граѓаните.
Меѓу загадувачите е и пластиката што се пали по течението на Вардар. Сомнежите се дека токму таа е најголем проблем во скопски Карпош.
Светските статистики говорат дека загадувањето директно вилјае врз порасот на малигните заболувања. Овој период зголемени се и респираторните проблеми кај граѓаните. Болниците, особено детските одделнија се преполни. Во комбинација со вирозите, загадениот воздух дополнително го комплицира здравјето на граѓаните.
Препораките се срцевоболните да не излегуваат надвор во период кога е загаден воздухот, поради опасност од хипертензија, срцев и мозочен удар. Поради воздухот нарушена е и здравствената состојба на лицата со хронични заболувања. Клиниките се полни со луѓе кои се жалат на болки во градите. Специјалистите на пулмологија имаат многу работа, амбулантските делови се полни. Детската болница Козле е полна со деца со респираторни заболувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


