| четврток, 6 декември 2018 |

Ново откритие може да промени сè што знаеме за човековата еволуција

Најновите студии на ДНК примероци на предците на современиот човек покажаа дека нашиот вид е многу постар отколку што се мислеше досега.

Истражувачите дошле до заклучок дека Хомо сапиенсот се појавил пред најмалку 260 или 350 илјади години, а доказот е добиен уште во јуни кога во Мароко беше пронајден фосил кој е стар 300 илјади години.

Пред тоа, најстар беше фосилот од Етиопија кој беше стар нешто помалку од 200 илјади години.

Овојпат научниците ги испитуваа ДНК примероците на фосили од Јужноафриканска Република што припаѓале на тројца ловци-собирачи од каменото доба. Истражувачите потоа ги споредиле со генетскиот материјал од други древни луѓе, како и разни современи луѓе.

Матијас Јакобсон од шведскиот Универзитет во Упсала, со неговиот тим процениле дека првото одвојување на Хомо сапиенсот од другите човекови видови се случило пред 260 и 350 илјади години.

Но, не сите се убедени во таа верзија. Имено Тод Дисотел, професор по антропологија на универзитетот во Њујорк кој не учествувал во новата студија, смета дека научниците на основа на некои претходни претпоставки помислиле дека настанувањето на Хомо сапиенсот се случило многу порано отколку што се мислело. Тој останува на тоа дека првото раздвојување се случило пред околу 200. илјади години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top