| четврток, 6 декември 2018 |

Од куќа во Демир Капија украдени 25.000 евра

Непознато лице синоќа извршило тешка кражба во семејната куќа на С.Е.(40) во Демир Капија. Сторителот преку прозорецот од купатилото влегол во куќата и одзел паричник во кој имало околу 25.000 евра.

МВР информира дека С.Е. во 20:30 часот го пријавил случајот во полициската станица – Неготино. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top