Според зборовите на актерката, идејата да отпатуваат во Украина била на нејзиниот маж, Ештон Качер за време на снимањето во Унгарија ова лето, па парот се одлучил да ја посети Украина. Кунис за време на патувањето ги повикала и родителите, со кои се преселила во САД во 1991 година, пренесува „Спутник“.
Актерката се обидела да го “почувствува“ местото каде што се родила, но не успеала.
„Кога слетавме, Ештон ме праша:’Што чувствуваш?’, а јас одговорив: ’Ништо, празнина’“, признала Кунис.
Ѕвездата на Холивуд изјави дека сакала да престојува во куќата во која некогаш живеело нејзиното семејство, но новите сопственици одбиле да ги пуштат.
„Новата сопственичка едноставно не одби. И беше сеедно. Јас и реков:’Тука сум живеела со родителите, кога бев мала’. Меѓутоа,, таа не ни ја отвори вратата. Сето тоа беше многу понижувачки“, изјавила славната актерка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст