| четврток, 6 декември 2018 |

Најздравите состојки на есента

По летниот период, голем дел од луѓето забораваат да внимаваат на својата телесна тежина, но и на своето здравје. Тие почнуваат да конзумираат помрсна и потешка храна и на тој начин си прават повеќе проблеми поврзани со имунитетот, метаболизмот и севкупното здравје. Но, есента носи многу здрави плодови кои мо

Тиква

Тиквата е синоним на есента и таа е одличен плод кој нуди многу нутритивни бенефити. Таа содржи витамин Ц – кој помага во апсорпцијата на железо и го помага функционирањето на антиоксидантите, витамин А – кој го поттикнува растот и развојот на клетките, калиум – кој е добар за крвниот притисок и мускулите и фолна киселина – која го поттинува обновувањето на клетките и е корисна за бремените жени. Можете да ја конзумирате печена или да направите чорба од тиква.

Сладок компир

Иако се попопуларни во останатите држави а не толку нашата, сепак треба да се знае дека тие нудат многу бенефити за нашето здравје за разлика од обичниот компир. Богати се со витамин А, Ц, Б6 – кој помага во одржување на функциите на мозокот и го регулира расположението. Освен тоа тие ги штитат црвените крвни зрнца и здравјето на коските. Можете да ги конзумирате печени во рерна или да подготвите чипс или да ги додадете во супите и чорбите.

Цвекло

Ова е еден од најпотценетите и многу ретко конзумираните зеленчуци. Богат е со фолна киселина, калиум, витамин Ц, железо. Можете да го додадете во утринскиот сок, во супите и чорбите, а најздраво е свежо во салата.

Јаболко

Јаболкото е едно од најздравите, но и најлесно достапните овошја. Богато е со калиум, многу витамин Ц, природни влакна кои го подобруваат варењето. Најкорисни се кога се конзумираат свежи, без лупење, но само доколку се органски. Можат да се додадат во чајот, компот или пак во салатите.

Мандарини

Мандарините се едно од најосвежителните, но и најздравите цитрусни плодови кои ги конзумираме во текот на есента. Богати се со природни влакна, витамин Ц и фолна киселина. Можат да се конзумираат заедно со печената тиква, свежи по појадокот или како замена на десертите во текот на вечерта.

Брусница

Овие мали плодови се многу корисни за заштита на имунитетот, но и во борбата против многу инфекции. Тие содржат витамин Ц, природни влакна, витамин К и манган – кој е добар за здравјето на коските. Можат да се конзумираат свежи, сушени или во чај.

Калинка

Калинките се особено популарни во текот на есента и зимата. Тие содржат витамин Ц, железо и витамин Б6.

жат да ви помогнат да го зачувате своето здравје во текот на есента и зимата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top