| четврток, 6 декември 2018 |

Дечкото на Ана Бекута, поранешниот министер Мрка, обвинет за Коридорот 11

Српското Министерство за градежништво, сообраќај и инфраструктура поднело кривична пријава до Јавното обвинителство против поранешниот министер во овој ресор Милутин Мркоњиќ и уште 14 функционери, објави весникот „Вечерње новости“.

Мркоњиќ е обвинет за пропусти во изградбата на делницата Уб- Лајковац, на автопатот на коридор 11 од Белград до Чачак. Делницата долга 12,5 километри била делумно асфалтирана, но со бројни оштетувања и не можела да биде пуштена во сообраќај. Според Министерството, ќе бидат потребни дополнително осум милиони евра за да се санираат штетите.

Меѓу обвинетите се и директорите на градежните компании кои ја вршеле работата.

Мркоњиќ е еден од основачите на Социјалистичката партија на Србија по распадот на Југославија и бепе близок соработник на Слободан Милошевиќ, како и министер во коалициските влади од 2008 до 2013 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top