| четврток, 6 декември 2018 |

За 25 илјади евра годишно Владата ќе ги сервисира металните јарболи за државните знамиња

Служба за општи и заеднички работи на Владата, на Бирото за јавни набавки објави оглас за доделување јавна набавка, за сервисирање и одржување на металните јарболи на кои е поставено државното знаме низ државата за сума од 25 илјади евра годишно. Во објавата пишува дека договорот без ДДВ изнесува 1,5 милиони денари, а критериум за доделување е најниската цена.

Според спецификацијата, со набавката за сервисирање и одржување ќе бидат опфатени 30 метарските јарболи низ главниот град, како што се на Плоштадот Македонија, кај хотелот Континентал, близу судската палата, на Кале, близу зградата Тифани. Ќе бидат сервисирани и јарболите на аеродромот „Александар Велики“, на Владата, на вилата Водно… Во набавката влегува и сервисирање на металните јарболи на државните граници, како и низ сите останати општини во земјата.

Од 2008 година Владата зачестено почна да поставува нови јарболи со државното знаме низ територијата на цела Македонија. 30-метарските столбови беа поставени на плоштади, крстосници и пред јавни институции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top