| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Отворен сум за средба со Ким Јонг-ун

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на телевизиско интервју изјави дека е отворен за средба со лидерот на Северна Кореја Ким Јонг-ун.

Запрашан, “дали некогаш би седнал до диктаторот”, тој одговори дека би остварил средба со секој азиски лидер.

„Ќе седнам до секого. Не мислам дека тоа би претставувало слабост или моќ, верувам дека разговорот со
луѓето не е лоша работа. Отворен сум за средба, но прво да видиме како ќе се одвиваат работите. Верувам
дека е премногу рано да се разговара на оваа тема.“, изјави Трамп.

Во моментов, првиот човек на САД се наоѓа во тридневна посета на Јапонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top