| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета: „Никој“ – најпопуларен политичар во Хрватска

Доколку утре би се одржале парламентарни избори во Хрватска, владејачката партија „Хрватска демократска заедница“ (ХДЗ) би освоила 31,3 проценти од гласовите, што е за 2,2 отсто помалку во споредба со почетокот на октомври, покажува последното месечно истражување на Агенцијата „Промоција плус“.

Според резултатите од истражувањето, направено во периодот од 31 октомври до 4 ноември, водечката опозициска Социјалдемократска партија би добила 22,9 отсто од гласовите, за разлика 22,1 проценти во октомври.

На трето место е движењето Мост, за кое сега би гласале 8,7, а во октомври 7,8 отсто од анкетираните.

И овојпат, трет месец по ред, најпопуларен политичар во Хрватска е „никој“, односно токму за оваа опција се определиле 23,3 проценти од анкетираните. Следна на листата е претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ, која е најпопуларниот политичар за 14 проценти од испитаниците, за разлика од 15,3 проценти во октомври.

Премиерот Андреј Пленковиќ е на трето место со 11,1 проценти, но истовремено води во негативната класификација на политичарите, со 20 проценти. На второ место е „сите политичари„ со 14,3 проценти од анкетираните. На трето место на негативниот листа, е поранешниот министер за култура, Златко Хасанбеговиќ со 10,9 проценти.

Само 16,9 проценти од анкетираните сметаат дека Хрватска се движи во правилна насока, а 76,8 проценти – дека се движи по погрешен пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top