Американската тајна служба им даде ретка можност на Американците да видат какви возила се носат на патувањата и кои служат за безбедноста на претседателот САД. Фотографиите објавени на Твитер покажуваат каква флота на автомобили е натоварена во C-17 Globemaster, монструозен авион, пишува Daily Mail.
Снимката е направена во пресрет на 12-дневната турнеја на Трамп во пет азиски земји. Таму, се очекува да ги зајакне односите со азиските партнери и да разговара за голем број меѓународни прашања.
Меѓу специјализираните автомобили беше приватниот автомобил на претседателот, наречен ѕверот.
„Ѕверот“ е ултрамодерна лимузина кадилак, која може да ги заштити патниците од удар на балистичко, бомбашко и хемиско оружје. Автомобилот, исто така, е преполн со комуникациски системи и медицинска опрема.




Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


