| четврток, 6 декември 2018 |

И Баскија на нозе: Илјадници луѓе излегоа на марш за поддршка на Каталонија

Илјадници луѓе се вклучија во протестен марш во најголемиот град на баскиската автономна област во Шпанија – Билбао, против воведеното  директно управување во Каталонија од Мадрид, соопштува АП.

Демонстрантите, ги поддржаа каталонските сепаратисти , тврдејќи дека имаат право на самоопределување.

Арнало Отеги, кој е лидер на баскиската левичарска сепаратистичка коалиција “ЕК Билду”, која е “за” поделбата на Каталонија, исто така ги  поддржа демонстрациите.

-Каталонија ја започна новата ера во која се уапсени политички лидери, од кои половината се во затвор, а по нивниот претседател има европска потерница, вели Ортеги.

Баскиската група ЕТА, која уби над 850 лица за време на  децениската  борба за отцепување на баскиската автономна област од Шпанија, претходно  годинава го положи оружјето.

Каталонија организираше референдум за независност на 1 октомври, на кој 90 отсто од гласачите поддржаа независност, но одзивот беше 43 отсто. Референдумот беше прогласен за незаконски и беше проследен со полициски насилства. Анкетите покажуваат дека се зголемува поддршката за независност на Каталонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top