На 11 ноември, Жељко Јоксимовиќ повторно доаѓа во Македонија на голем концерт, но како што вели нема да биде тоа свинг музика, како што беше во МНТ. Ќе има изненадувања за публиката, ќе има гости, негови пријатели-пејачи и многу добра музика. Неговиот престој во Скопје го искористивме да поразговараме за концертите, работата, напорот, снимање филм, поезија…
Добиле дозвола со Драган Бјелогрлиќ за снимање на филм за Тома Здравковиќ од Бане Обрадовиќ кој е носител на правата на ликот и делото на Тома Здравковиќ и кој организираше за сеќавање на Тома и подигна споменик во Лесковац, како и спомен-плоча во Белград. Се надеваат дека ќе успеат, аплицирале на повеќе места за да најдат сретства и очекуваат дека луѓето ќе имаат слух за оваа нивна желба.
Драган Бјелогрлиќ неодамна во Македонија ја промовираше новата серија „Сенки над Балканот“, но вие двајца подготвувате филм како продукциски партнери. Веќе сте соработувале на филмот „Ивкова слава“ за која Вие ја правевте музиката. Ќе ни кажете ли за што станува збор? Каков филмски проект подготвувате?
-Јас и Драган Бјелогрлиќ веќе две години зборуваме за филм за Тома Здравковиќ. Сеуште не е сигурно дали тој филм ќе се снима. Ако имаме сретства ќе се реализира проектот. Тој филм е нешто многу скапо. Се разбира, ние се трудиме да го снимиме, но доколку не се обезбедат сретства секако нема да го правиме. Наша желба е да ги сочуваме великаните од заборав. Тоа е како некакво потсетување со обврска. Филмот нема да биде за Тома, туку како го гледавме, уметничко гледање на сето она што тој за време на животот успеа да го направи и да го остави зад себе. Филмот треба да се прави според новелата која ја напиша Никола Пејаковиќ со кој пејачот пред точно дваесет години соработуваше на песната „Хаљиница боје лила“, во 1997 година, а која јас ја аранжирав.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


