| четврток, 6 декември 2018 |

Љубомир Јовески ќе биде нов јавен обвинител?

Љубомир Јовески, сегашен член на Советот на јавни обвинители и обвинител во Јавното обвинителство на Македонија ќе биде новиот јавен обвинител, пишува „Сведок“.

Претходно беше објавено дека Советот на јавни обвинители до Владата дал позитивно мислење за двајца од пријавените 23 кандидати за нов Јавен обвинител на Република Македонија.

По прегледување на кандидатурите, Советот, на чие чело сега е Коле Штерјов, дал позитивно мислење за обвинителот Љубомир Јовески и за Елена Андреевска, професорка на Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултет за јавна администрација и политички науки.

Овие денови, пред да одлучи Советот кого ќе поддржи за јавен обвинител, Љубомир Јовески користел одмор и не бил на седницата за да се избегне влијание при одлучувањето.

Јавниот обвинител на Република Македонија се избира за време од 6 години, а изборот го вршат пратениците со просто мнозинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top