| четврток, 6 декември 2018 |

На кои настани најчесто се појавуваат српската премиерка и нејзината девојка?

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ почна се почесто да се појавува во јавност во друштво нан својата девојка, а кога ќе се решат за заедничко излегување, најчесто тоа се културни настани.

Првото јавно појавување на Брнабиќ и нејзината партнерка Милица Ѓуриќ беше на финалниот натпревар на годишнешниот Евробаскет во Истанбул, Турција. Уште тогаш Милица веднаш го привлече вниманието на јавноста со својот изглед, а креаторите беа одушевени од нејзиниот изглед и префинетост.

Милица е лекарка во Клиничкиот центар во Србија и има успешна кариера. Во врска се осум години.

Премиерка на Србија заедно со партнерката беа на отворањето на Музејот на современа уметност, потоа во театар, а заедно се појавија и на концерт на Белградската филхармонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top