| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки се пласираа во главната фаза на ЛШ

Ракометарките на Вардар се пласираа во главната фаза од Лигата на шампионите (ЛШ) откако во 4. коло го совлада тимот на Ларвик со 30-27. Откако преопуштено влегоа во мечот „вардарки“ цело прво полувреме се мачеа да влезат во ритам во нападот, за среќа на голот ја имаа Лејно, која им овозможи на крајот да се радуваат на победата.

Ларвик (10-11).

Кризата во нападот продолжи и на стартот од вториот дел, но за среќа барем голманките беа на ниво, па со одличните интервенции не дозволија Норвежанките посериозно да се одлепат. „Црвено-црните“ по 35. минута конечно заличија на тимот што доминираше во претходните три кола, со леснотија го наоѓаа патот до мрежата на Ларвик, па по водството од 17-14 го натераа гостинскиот стратег да побара тајмаут. Сепак, тоа не вроди со плод, Вардар конечно го најде посакуваниот ритам во нападот, погаѓаа и Лакабрер, Кузнецова, Пенезиќ, Радичевиќ… па „црвено-црните“ рутински го контролираа резултатот се до половината од второто полувреме.

Скандинавките не с епредадоа, туку дојдоа на само еден гол разлика (24-23) на десет минути до крајот. Се играше „гол за гол“, потоа Радичевиќ промаши седмерец, но Лејно при резултатот 26-25 одбрани уште еден зицер, не дозволувајќи изрманување. Хмирова постигна гол во клучен момент, за потоа на неполни четири минути до крајот Брајстл да добие црвен картон, по бруталниот старт врз Пенезиќ. Хрватска ракометарка веќе во следниот напад прецизно стрелаше за 28-25, разрешувајќи ги дилемите околу победникот на оваа средба, изразен со конечни 30-27. Точка стави Лејно со две фантастични интервенции во последната акција на гостинките, за четвртата победа во низа и пласман во главната фаза од ЛШ.

Француската голманка го заврши натпреварот со фантастични 20 интервенции, а во нападот најефикасни кај Вардар беа Пенезиќ со седум, Цвијиќ со пет и Кузнецова со четири погодоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top