| четврток, 6 декември 2018 |

Пресметајте уште колку здрави години ви преостануваат

Џејареј Ведивило, професор на Универзитетот Конектикат во САД, направи онлајн калкулатор со кој се пресметува уште колку здрави години ви преостануваат.

Пресметката е едноставна, а се што е потребно е да се внесат бараните податоци – пол, години, тежина, висина, едукација, висина на приходи, вид на прехрана, колку спиете, колку вежбате, историјат на возење автомобил. Потоа дали пушите, дали имате дијабетис тип 2, дали конзумирате алкохол и какво ви е сегашното здравје.

На пример, здрав маж, на возраст од 60 години, кој редовно вежба, здраво се храни, има здрав индекс на телесна маса и спие најмалку осум часа, се прогнозираат уште 13 години здрав и квалитетен живот.

Телесната тежина и висина ќе мора да се претвори од килограми и сентиметри во стапки и фунти на следниот линк, а потоа овде, пресметајте уште колку здрави години ви преостануваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top