ВМРО-ДПМНЕ денеска до медиумите достави допис во кој тврди дека е писмена изјава на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, обвинет во случаите кои СЈО ги води против функционери на владата на ВМРО-ДПМНЕ со која раководеше лидерот на партијата Никола Груевски. На изјавата нема никаков потпис, само е напишана во прво лица.
Во изјавата Јанакиески вели дека му станло јасно зошто не бил поканет на јавната седница на Апелациониот суд на која се одлучувало за утврдување дали прислушуваните материјали се доказ во постапката против него што се води по обвинение на СЈО.
„Со оглед на тоа што ми беше оневозможено да се произнесам во судница се чуствувам повикан јавно да реплицирам на скандалозниот настап на обвинителите од СЈО, кои уште еднаш потврдија дека нивното дејствување е политичко и нема никакви допирни точки со правото и правдата.
Би потсетил дека токму СЈО јавно на прес конференција тврдеше дека брутално биле кршени човековите права на граѓани на Македонија како резултат на повеќегодишно незаконско следење на комуникации при што изнесе дека наводно еден од моите телефонски броеви бил следен 732 дена, друг 573, трет 816 дена. Иако од нив никогаш не сум добил официјално известување колкав е обемот на материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации за кои тврдат дека се мои, по моја слободна проценка врз основа на јавно објавените податоци од СЈО, најверојатно се работи за над 100.000 разговори во кои спаѓаат и разговори на мојата сопруга, која го користи еден од телефонските броеви за кои СЈО вели дека биле незаконски прислушкувани. Би ги запрашал претставниците на СЈО, зарем не е повреда на правото на приватност и семеен живот прислушкувањето на моите и на разговорите на мојата сопруга, направено надвор од било каква законска процедура?“ , пишува Јанакиески.
Јанакиески потоа се повикува на одредби од Уставот, Законот за следење на комуникациите и Законот за кривична постапка со кои се уредуваат посебните истражни мерки, кои според него, постојат „ за да се спречи ова што СЈО се обидува да го направи – да прогонува граѓани врз основа на докази стекнати на незаконски начин и да даде легитимитет на масовното долгогодишно незаконско следење на комуникациите“.
„Јавно би сакал да укажам дека владеењето на правото и почитувањето на законот како темелна вредност на Уставниот поредок сите не обврзува но и на сите подеднакво ни гарантира дека никој не смее да ни ги наруши правата кои ни се загарантирани како граѓани на оваа земја, без разлика дали некој извршува јавна функција или не, сите имаме исти права и сите треба да бидеме еднакви пред институциите“, вели во изјавата Јанакиески.
Тој смета и дека е скандалозно тврдењето дека за него и неговото семејство не може да важат одредбите од Европската конвенција за човекови права, само затоа што тој бил министер.
„СЈО направи уште една повреда на моите права како граѓанин вршејќи политичка дискриминација врз мене“, напиша Јанакиески.
фото: мкд.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст