Утре и во понеделник ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност пред се во планинските региони и кон југот. Понекаде во долините ќе има услови за појава на утринска магла. Веќе утре ќе почне да дува претежно јужен ветер кој ќе се задржи се до четврток. Во понеделник кон вторник ќе се зголеми облачноста и во вторник во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Во ноќта кон среда и особено во среда преку денот ќе има повремени врнежи од дожд со променлив интензитет и тоа најпрвин во планинските делови на западот а кон крајот на денот и на истокот каде што овие врнежи ќе се поинтензивни. Во тој период утринските температури ќе се насекаде над нулата, а поради зголемента облачност дневните температури малку ќе се намалат. Потоа следи променливо време со изгледи за ново преодно наоблачување со краткотраен дожд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст