Светската здравствена организација ја промени дефиницијата за инвалидитет со цел да ги класифицира луѓето без сексуален партнер како „неплодни“. Целта на новата контроверзна класификација воведена минатата година е да им овозможи на хетеросексуалните сингл мажи и жени, како и хомосексуалните мажи и жени, кои бараат оплодување со ин витро за да имаат дете, да го добијат истиот приоритет како и паровите. На тој начин ин витрото оплодување ќе стане достапно за сите.
Сосема очекувано е тоа што ваквото проширување на дефиницијата за инвалидитет предизвика бурни реакции кај многумина кои сметаат дека ова не е дозволиво за медицинска организација што поставува светски стандарди.
„Овие апсурдни бесмислици не само што ја редефинираат неплодноста, туку комплетно го занемаруваат биолошкиот процес и значењето на природниот сексуален однос помеѓу мажот и жената. Што е следно? Создавање и растење бебиња во лабораторија по нарачка?“, изјавила Џозефин Квинтавал, активистка и директорка на оддел за репродуктивна етика.
Но, доктор Дејвид Адамсон, еден од авторите на новите стандарди, тврди дека ова движење има цел да воспостави медицинска еднаквост.
„Дефиницијата за неплодност моментално е напишана на таков начин што ги вклучува правата на сите поединци да имаат семејство, а тука спаѓаат и сингл мажите, сингл жените, геј мажите и геј жените. Според неа, поединците имаат право да се размножуваат без разлика дали имаат или немаат партнер. Тоа значително ќе ги смени правилата околу тоа кој сѐ треба да припадне во оваа група и кој треба да има пристап до здравствена грижа. Тоа ќе постави нови меѓународни легални стандарди, што е задолжително за сите земји“, објаснил докторот.
Моментално, инвалидитетот се дефинира како некој со „физичко или ментално нарушување што значително ги ограничува животните активности, личност која има историја на такви нарушувања или личност за која другите сметаат дека има такви нарушувања“. Оваа дефиниција не ги покрива сите нарушувања, а основањето семејство се смета за важна животна активност според многумина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст