Денеска Независниот синдикат на полицијата одржа мирен марш низ улиците на Скопје и прес-конференција пред Влада на РМ. Рутата на маршот започна од Министерството за земјоделството, покрај Министерството за правда за да заврши пред Владата, од каде тшто се обрати претседателот на НСП, Гоце Делчев Тодев.
Иако Владата ветуваше, доаѓањето на животот за вработените во полицијата не само што не е на повидок, туку ниту во буџетот за 2018 – та не се планираат мерки за подобрување на нивниот стандард, обвинија денеска на маршот пред Владата од Независниот полициски синдикат. Се обратија до премиерот Зоран Заев и до министерот за внатрешни работи, потсетувајќи ги дека двете ветени покачувања на платите од по пет насто, едното во мај и другото во последното тримесечје од годината, воопшто не се реализирани.
„Не може да се случи министерот за финансии во изминатите два дена јавно да го даде се она што е подготвено од Владата на увид на сите граѓани како сума на пари кои ќе бидат трошени во 2018та година, сето тие што ние го гледаме да не задира во душата и создава потенцијален немир кај сите вработени во полицијата“ – изјави Гоце Делчев – Независен синдикат на полиција
„Не се тоа којзнае какви финансиски големи импликации на буџетот, може со мали средства да се задоволат барањата на колегите. Ние ја поздравуваме одлуката на Владата за покачување, не сме против одредени структури во државата како образование, здравство, свесни сме дека ова преку ноќ не може да се реши, но се надеваме и очекуваме одредени промени во односот на одредени луѓе во министерствата кон овие луѓе да биде покоректен.“ – вели Марјан Ристески – Конфедерација на синдикални органиазации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст