| четврток, 6 декември 2018 |

Генералка во комплексот клиники „Мајка Тереза“

Службата за заеднички и општи работи при клинички центар и Државниот санитарен и здравствен инспекторат денеска организираат заедничка акција за чистење на просторот во комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје.

Акцијата се спроведува со поддршка од јавните претпријатија на Град Скопје, “Градски паркинг”, “Комунална хигиена”, “Паркови и зеленило” и депонијата “Дрисла”.

Директорката на Заеднички служби, Шкодране Дарлишта информира дека акцијата започнала во 8 часот изутрина, а со неа опфатен е просторот меѓу сите клиники, со собирање отпад, миење улици, средување на зеленилото, а се чистат и чекални, ходници и лифтови во клиниките. Исто така, Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши дезинфекција на депоата каде се собира комунален и медицински отпад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top