Иако дел од медиумите веднаш по грозоморното убиство во скопската населба Аеродром објавија дека убиецот на младиот фудбалер е криминалец од подземјето, кој ѝ е познат на полицијата, МВР се уште го води како непознато лице.
Во денешниот билтен на полицијата, вчерашниот настан е кусо опишан, со утеха дека „Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот“.
„На 03.11.2017 година околу 17.40 часот на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје непознато машко лице, со огнено оружје пукало во М.Ј. (28), по што истиот е пренесен во Градската општа болница “Наум Охридски“. Во 18.45 часот повредениот М.Ј. починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција“, пишува во билтенот на МВР.
Познат идентитетот на убиецот на фудбалерот Јанушев – се работи за лице од скопското подземје
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


