Владата преку Министерството за финансии соопшти дека набрзо ќе се укине Советот за јавни набавки кој е тело составено од стручни лица кои треба да бидат контролор на јавните набавки чиј договорен орган е државата.
-Владата подготвува суштински реформи со кои до крајот на годината ќе го укине Советот за јавни набавки, а до октомври идната година се очекува и целосно нов закон, оти сегашниот претрпел петнаесетина измени, изјави вчера Драган Тевдовски, министер за финансии.
Укинувањето на Советот за јавни набавки ќе претставува бришење на контролен механизам кој значително ги корегираше јавните набавки запазувајќи ја нивната законитост. Подобрување на перформансите во оваа област беше и барање на самата Европска Унија, а Советот почна со работа во 2013-та година. Сега со неговото укинување се отвора вратата за изигрување на законите и одвивање на тендери без можност за заштита од корупција.
Советот за јавни набавки има многу важна улога во системот за јавни набавки, а неговата значајност е пред се во издавањето на специфичните согласности за реализација на специфични јавни набавки, и во случаите на издавање на специфични согласности за реализација на јавни набавки во специфични услови.
Има четири видови согласности кои ги издава Советот за јавни набавки и тоа: согласност за техничките спецификации, во случаи кога на пазарот нема најмалку 5 производители или понудувачи кои може да ги задоволат техничките спецификации, согласност за критериумите за утврдување способност, ако условите за способност не ги задоволуваат минималниот број понудувачи утврдени со законот, зависно од видот на постапката, согласност за користење на критериумот економски најповолна понуда, согласност за групирање на повеќе ставки во еден дел – и тоа во случаи само кај набавката на лекови, потрошни медицински материјали и медицински помагал.
Советот има пет членови кои имаат мандат од четири години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст