| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетник претепан со метална шипка во автобус

Возачот на автобусот под број 81 вчера вечерта пријавил во полиција дека 12 лица брутално претепале 15-годишно момче од село Бразда.

Имено, напаѓачите се качиле на автобуската постојка во село Бразда и пред да се симнат со метална шипка го претепале малолетникот.

Како што соопштуваат од МВР. момчето веднаш било пренесено во радската општа болница каде му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување.

Полицијата трага по сторителите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top