| четврток, 6 декември 2018 |

На „Рузвелтова“ пронајден мртов маж

Безживотно тело на маж утрово е пронајдено на улицата „Френклин Рузвелт” во Скопје.
Како што информираат од МВР, телото на починатиот М.Ј.(36) од Скопје, кое е пронајдено во 1 часот и 35 минути на тревнатата површина покрај улицата, има повреди најверојатно здобиени со пад од висина од седми кат на зградата во близина.

По наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top