
Во предизборната кампања за лкачните избори, но и изминатите години во континуитет СДСМ обвинуваше дека директно одговорен за загадувањето во Скопје е тогашниот градоначалник Коце Трајановски. Пропагандната машинерија успеа да ги удеди граѓаните кои се задушуваат од скопскиот смог секоја зима дека Трајановски е виновен, но не успеа да им обезбеди чист воздух сега откако Трајановски го нема. Скопјани се уште се задушуваат во смог, а нивото на канцерогените ПМ 10 честички синоќа беше четирипати повисоко од дозволеното.
Мерните инструменти на Министерството за животна средина синоќа покажаа големо загадување на воздухот во Скопје.
Во Центар во 19 часот синоќа концентрацијата во воздухот со ПМ10 честичките беше 178 микрограми на еден кубен метар воздух (50 микрограми е граничната вредност). Во Карпош беше 312, во Лисиче 359. Два или три пати повеќе од граничните вредности има и од суспендираните честички ПМ2,5.
Утрово мерењата покажуваат дека ниско загаден е воздухот во Лисиче и кај Ректоратот во Скопје, како и во Кочани.
Иако на почеток од грејната сезона, загаденоста на амбиенаталниот воздух во Скопје секој ден расте.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


