| четврток, 6 декември 2018 |

„Марка“ тврди дека Македа го напушта Вардар и се сели во Германија

Осетно слабее европскиот ракометен првак Вардар. Следното лето дефинитивно си заминува идеологот на Вардар Раул Гонзалес, кој ќе се пресели во ПСЖ, а најверојатно и најголемиот дел од ракометарите кои беа клучни за освојувањето на европската титула. Лука Циндриќ ќе замине во Кјелце, Арпад Штербик треба да потпише за Веспрем, а шпанска „Марка“ тврди дека Хорхе Македа ќе се пресели во Германија. Причина е неговата сопруга Макарена Агилар, која игра за тимот на Турингер.

„Хорхе Македа по завршувањето на сезоната ќе ја смени клупската средина. Интерес има од неколку клубови од Германија, а најконкретен е Рајн Некар Левен. Неговата сопруга Макарена Агилар игра за Турингер, и тоа е една од причините за тој да замине во Германија“, објави „Марка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top