Пропадна обидот на советникот во Министерството за финансии Бранимир Јовановиќ да ја оправда одлуката на Владата и на министерот за финансии Драган Тевдовски за зголемување на акцизата на нафтата за три денари.
Од синоќа не стивнуваат реакциите на граѓаните, кои со жалење констатираат дека Владата не сака да им помогне на граѓаните, особено на сиромашните, туку сака да го полни буџетот лажејќи ги луѓето дека обезбедува низа поволности за подобрување на нивниот живот.
Од владата уверуваат дека покачената акцизна давачка нема да предизвика инфлаторно дејство, односно нема да поскапат останатите производи, но останува нејасно како Владата ќе ги убеди транспортерите да не ги покачат цените што неминовно ќе доведе до поскапување на сите производи.
Дебатата што се разви за седумте небулозни точки на Јовановиќ можете да ја смедите на неговиот профил на Фејсбук, во коментарите на статусите:
1. Дизелот во Македонија е меѓу најевтините во Европа и убедливо најевтин во регионот. Литар дизел кај нас е околу 0.8 евра, во Бугарија и Косово е околу 1 евро, во Србија и Албанија околу 1.3 евра.
2. Разликата меѓу дизелот и бензинот кај нас е една од највисоките во Европа. Кај нас дизелот е поевтин од бензинот за околу 15-20%, во развиените европски земји нивните цени се приближно исти.
3. Акцизата на дизелот во Македонија е многу пониска од она што ЕУ го препорачува. ЕУ препорачува акцизата на дизелот да не е пониска од 33 евро-центи (20 денари), кај нас акцизата е 20 центи (12 денари).
4. Покачувањето на акцизата на дизелот може да придонесе за намалување на загадувањето. Со поскап дизел, на луѓето ќе им биде поисплатливо да користат алтернативни енергенси кои помалце загадуваат, како плинот.
5. Покачувањето на акцизата на дизелот нема да ги погоди најсиромашните. Дури 60% од сиромашните домаќинства во Македонија немаат автомобил. Најмногу ќе бидат погодени оние кои возат повеќе, а тоа се пред сѐ побогатите.
6. Покачувањето на акцизата на дизелот нема да доведе до општ раст на цените. Анализите покажуваат дека 3 денари повисока акциза на дизел ќе го зголеми општото ниво на цени за околу 0.2-0.3%.
7. Зголемувањето на акцизата на дизелот за 3 денари ќе донесе околу 30 милиони евра во буџетот. Тоа се 30 милиони евра повеќе за здравство, образование, социјална заштита, гасификација…
Образложението на Јовановиќ не помина на социјалните мрежи. Ви пренесуваме дел од реакциите.
Претставувајќи го Предлог-буџетот за 2018 година, министерот за финансии Драган Тевдовски најави дека од 1 јануари Владата планира да ја зголеми акцизата на нафтата за три денари. Со зголемување на акцизата и пресметанито ДДВ цената на нафтата ќе биде повисока за 3,5 денари, но според Тевдовски и со ова зголемување цената на нафтата во Македонија ќе остане најниска во регионот.
Причина за зголемувањето биле ЕУ препораките за заштита на животната средина и намалување на загадувањето.
Сепак, поскапувањето на нафтата со себе неминовно ќе повлече поскапување на превозот, а со тоа и на сите производи за храна и хигиена. Ќе поскапи и водата, a се позивесно е дека ќе поскапи и парното во Скопје, затоа што мазутот е енергенс кој се користи за затоплување.
По најавата за зголемување на акцизата за дизелот неопходна е детална анализа за влијанието, но неизбежно ќе има промени во транспортот, оценија денеска од Стопанската интересна заедница за патен транспорт Македонија сообраќај – АМЕРИТ.
„Неопходна е детална анализа за тоа колку и какво ќе биде влијанието, земајќи го предвид фактот дека промената нема да влијае само на транспортот. Во постојана координација сме со нашите членки, и будно ќе ги следиме процесите кои би случиле со оваа промена. Генерално, очекувањето е дека промена во патниот транспорот неизбежно ќе има“, велат за МИА од СИЗ „Македонија сообраќај“.
Очекуваниот ефект од зголемување на акцизата во Предлог-буџетот за 2018 година ќе изнесува 1,6 милијарда денари, а од ДДВ-то 350 милиони денари и дополнителни приходи за Јавното претпријатие за државни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст















