| четврток, 6 декември 2018 |

Општина Битола го одбележува Денот на ослободувањето на градот

Општина Битола денеска го одбележува 4 ноември – Денот на ослободувањето на градот.

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска претпладнето ќе приреди прием за претставниците од Сојузот на борци и од збратимените градови Плевен од Бугарија и општина Стари Град од Белград.

Делегации на општината и збратимените градови и претставници од општествениот и јавниот живот ќе положат цвеќе пред споменикот на Народноослободителната војна во центарот на градот, а точно напладне ќе бидат организирани активности со параглајдери кои ќе полетуваат од врвот Пелистер.

Од општина Битола информираат дека вечер во големата сала на Народниот театар во Битола ќе биде организирана свеченост на која ќе биде доделена наградата „4 Ноември“ за минатата година, а детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“ ќе приреди изложба со избрани дела од ликовната колонија „Мал битолски Монмартр“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top