| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо најемотивен до сега (ФОТО)

Сме навикнале да го гледаме контроверзниот и специјалниот Жозе Мурињо како се радува на победи, како негодува на неправди, како глуми, изведува, се лути, но стопен од љубов го гледаме ретко. Всушност, еднаш годишно – и тоа за роденденот на неговата ќерка Матилда.

Матилда денес полни 21 година, а Жозе, како и лани, сподели драга заедничка фотографија од нејзиното детство.

❤️🎂🍾🇵🇹🇬🇧

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) on


Сепак, годинава среќниот татко не заборави да сподели фотографија од заедничката прославата на роденденот. Мурињо ѝ посака на својата галеница да биде насмеана како и досега.

FELIZ ANIVERSARIO FILHA ❤️ 21 anos a fazer nos sorrir ❤️🎂

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho) on

И окрај многуте професионални обврски, семејството има посебно место во животот на Мурињо. Тој е во среќен брак со мајката на неговите деца, Матилда, 21-годишната ќерка Матилда и 17-годишниот син Феликс Мурињо.

Новогодишна семејна драма: Сопругата на Мурињо во критична состојба

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top