Од денеска до 7 ноември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува филмска програма на фестивалот „Десонанз“, специјално селектирана од интернационалниот фестивал на документарен филм „Докуфест“ од Призрен, Косово, кој од 2002 се одржува секоја година во август. Вечер ќе биде прикажан документарецот „Тони Конрад: Сосема во сегашноста“ посветен на животот и кариерата на Тони Конрад – уметник, музичар, режисер и пионер на експерименталниот филм кој заедно со неговите современици ЛеМонт Јанг и Џон Кеј го инспирираат создавањето на култните „Велвет андерграунд“. На програмата утре (5 ноември) е селекцијата на краткометражни музички и експериментални документарни филмови: „Комитет“ во режија на Гунхилд Енгер; „Гринго од зелениот екран“ на Дуве Џикстра; „Химерискиот музеј на менување облици“ на Дамиан Алкерике; „Нежна ноќ“ на Ки Јанг; „Диското сјае“ на Кема Гарсија Ибара и „Една ноќ во Торорики“ во режија на Роксана Стро. На 6-ти и на 7 ноември од 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе бидат прикажани првиот и вториот дел од филмот „Хипернормализација“ кој е еден од најгледаните и најактуелни документарни филмови во 2016 година. Филмот е на британскиот режисер Адам Кертис и е направен во соработка со Би-Би-Си.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст