Верувам дека до крајот на ноември ќе се случат први средби со медијаторот за името Метју Нимиц, можеби не со мене, можеби дури не и со министерот за надворешни работи Никола Димитров, но со преговарачките тимови на двете земји барем да се видат позициите и да се направи чекорот понатаму.
Ова го истакна премиерот Зоран Заев во интервју за Македонската радио телевизија, нагласувајќи дека македонската Влада дури официјално го поканила Нимиц после локалните избори да дојде во земјава со нови идеи за надминување на проблемот со името.
– За мене доаѓа период на решавање на проблемите и треба да ги решаваме мудро, заштитнички кон државата и да и дадеме иднина на Македонија. Рековме тоа прашање ќе го решаваме заедно со опозицијата и со сите клучни фактори во државата, претседателот, Парламентот, Владата и јавноста, но во функција на изнаоѓање на решение, а не на блокирање или одложување на овој проблем, посочи Заев.
Верувам, нагласи, дека имаме убав моментум што генерално се случува во регионот, посебно во Македонија.
– Треба да го искористиме и да изградиме пријателство со сите. Може да биде само добро олеснување со мудри паметни политики, да чекориме напред, заради тоа што шансата за влез во НАТО е голема работа за Македонија. Тоа носи пари за граѓаните, добра економија и стабилност и сигурност на Македонија и на регионот, потенцира Заев.
Во интервјуто Заев говори и за евроинтеграциите, почетокот на преговорите со ЕУ, состојбата во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст