Според договореното од средбата меѓу Фуле и претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, тој денеска ќе учествува во работата на пленарната седница. Филе вчера ненадејно допатува во Скопје, уште помистериозно си замина, а во отсуство на официјална потврда, се вели дека издејствувал повторни средби власт опозиција, по опозициските ултиматуми поставени на маса.
Еврокомесарот Филе е најгласен и најупорен дека проширувањето на ЕУ мора да продолжи. Во таа насока ќе биде и неговото денешно обраќање во Советот на Европа во Стразбур. Околу неговата посета на Скопје, на Фуле на Твитер сподели „Го посетив Скопје и имав отворени и искрени разговори со партнерите околу подготовките за пролетниот извештај“.
Во насока Македонија да добие датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ, Филе понуди и посредување во надминувањето на грчкиот проблем со името, предложи заедничка македонско- грчко- европска средба, постојано го нагласува исчекорот постигнат со Пристапниот дијалог на високо ниво кој што не е замена за преговорите, сѐ со цел Македонија да добие датум за време на Ирското претседавање со ЕУ. Наскоро се очекува тој повторно да дојде во Скопје, но овој пат не на изненадување, туку во рамки на Пристапниот дијалог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


