| четврток, 6 декември 2018 |

Застреланиот фудбалер Мартин Јанушев им подлегнал на повредите – мртов бил донесен во болница

Министерството за здравство вечерва соопшти дека Мартин Јанушев кој попладнево беше затрелан во Аеродром во болницата бил донесен мртов.

-Во врска со лекарскиот третман на застреланото лице во Аеродром информираме дека лицето било донесено во болницата Св Наум Охридски без знаци на живот. И покрај тоа , докторите се обидувале да го реанимираат лицето 40 минути но безуспешно, стои во соопштението на Министерството за здравство.

Напаѓачот кој со 5 куршуми вечерва во 18:00 часот го застрела фудбалерот Мартин Јанушев, во Аеродром пред кафулето „Ред Кафе“ го фрлил пиштолот на местото на настанот и избегал во непознат правец.

Во моментов врие од полиција на улицата „Владимир Комаров“, каде што се случи настанот. Очевидци јавуваат дека полицијата врши увид а пиштолот е на улицата пред кафулето.

Очевидци за агенцијата МИА тврделе дека напаѓачот со четири до пет куршуми стрелал во пределот на главата и вратот на жртвата кој е активен фудбалер. Напаѓачот е во бегство, а полицијата трага по него. На лице место на улица Владимир Комаров во Аеродром се врши увид. Застреланиот е идентификуван Мартин Јанушев, брифираат за ТВ Телма полициски извори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top