| четврток, 6 декември 2018 |

Жените од денеска до крајот на годината ќе работат бесплатно!

Имајќи во вид дека просечната сатница на жените во Европа е 16,3 отсто пониска отколку станицата на мажите, Европејките од денска до крај на годината ќе работат бесплатно.

Европскиот ден на еднакви плати, кој оваа година се паѓа на 3 ноември, го означува денот кога жените, поради помалите плати од нивните колеги, мажи, практично почнуваат да рабоатат бесплатно.

Иако  жените од ЕУ по образование се еднакви или и пообразувани од мажите, тоа не се гледа на пазарот на труд. Во 2016 година, 33 отсто од жените, наспроти 29 отсто мажи во ЕУ имале завршено високо образование, но стапката на вработеност на жените била за 11,6 отсто помала отколку кај мажите.

Жените исто така не се доволно застапени на највисоките позиции во најголемите компании во ЕУ, меѓу 14 претседатели на управи, само една е жена, а исто така една е жена од 20 извршни директори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top