| четврток, 6 декември 2018 |

Денес е Задушница, пристапот до Бутел – забранет!

Граѓаните лути од одлуката на Град Скопје патот кој води кон гробиштата во Бутел, викендов да остане затворен за сообраќај поради реконструкција на коловозот.

Делот од улицата Александар Урдаревски од крстосницата со улицата Бутелска до гробиштата веќе три месеци е затворен за сообраќај. Скопјани се надеваа за привремено решение поради веркиот празник Задушница, но градските власти не преземаа мерки.

По барањето да се овозможи улицата привремено да биде проодна поради Задушница, од Градот кусо одговорија дека режимот на сообраќај го регулира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Од МВР, пак, соопштија дека делот од улицата што се реконструира ќе биде затворен за сообраќај.

-Ве известуваме дека на 04. и 05.11 2017 година во периодот од 06,00-16,00 часот поради верскиот празник Задушница на гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров се очекува големо присуство на верници и зголемен интензитет на сообраќај. Од тие причини сообраќајната полиција ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот. Поради изведување на градежни работи на улица Александар Урдаревски (во реонот на гробиштата Бутел) дел од оваа улица ќе биде забранет за сообраќај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top