| четврток, 6 декември 2018 |

Марин го раскина договорот, Аеродром нема да стане тениски центар

Новата општинска администрација на чело со Златко Марин го раскина договорот за изградба на тениски игралишта, кој бил потпиша со компанијата „Тенис парк“, во сопственост на Сергеј Самсоненко, информираат од опшината.

Според нив Договорот предвидувал Општината и Градот Скопје целосно да го ослободат инвеститорот од плаќање комуналии, а притоа граѓаните да добијат многу мали бенефиции за користење на игралиштата. Појаснуваат дека граѓаните би можеле бесплатно да користат само едно игралиште и тоа во ограничено време, додека комуналиите од кои се ослободува инвеститорот се во висина од еден милион евра, а инвеститорот го добива земјиштето на користење 35 години.

– Ваквиот Договор не е во интерес на жителите, туку пред сè во интерес на инвеститорот, а неговото раскинување е со заемен договор на двете страни. Во иднина, ваквите договори ќе мора да предвидуваат многу поголеми бенефиции пред сè за самите граѓани на општината, особено кога станува збор за големи финансиски ослободувања како во овој случај, информираат од Општината и најавуваат дека во претстојниот период ќе донесат одлука како понатаму ќе се искористи овој простор, истакнуваат од општината.

Касата на општина Аеродром полна: Што ќе реализира Марин со три и пол милиони евра?

За раскинување на Договорот реагираше советничката група од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром за кој прашуваат ако првиот проект на новиот градоначалник е прекинување на нешто што веќе е сработено и е обезбедена инвестиција од повеќе од 10 милиони евра од приватен партнер, каков ќе биде развојот во иднина на општина Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top