| четврток, 6 декември 2018 |

Парите немаат ни мирис, ниту идеологија, Месиќ сведочи за Агрокор

Парите немаат ни мирис, ниту идеологија. Тоа се луѓе кои се нашле во можност да профитираат на приватизацијата. Проблем е во тоа што се случуваше во време кога Хрватска се бранеше, изјави поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ на денешното сослушување на истражната саборска комисија по повод Агрокор.

Денеска во 10 часот почна со работа истражната комисија за Агрокор, а како сведоци на првата седница повикани се сопственикот Ивица Тодориќ, неговиот син Анте и првиот премиер на Хрватска Стипе Месиќ.

Претставник на Комисијата соопшти дека на таткото и синот Тодориќ не биле во можност да ги достават поканите, а на сослушувањето се појави само Месиќ.

Претходно, Никола Грмоја, хрватски пратеник од опозицискиот Мост независни листи, утрово на прес-конференција во Саборот изнесе документација за одговорноста на државните функционери за аферата Агрокор.

Тој презентираше документ од Министерството за финансии од 1994 година, со кој сака да докаже дека тогашниот пратеник и потпретседател на ХДЗ Владимир Шекс знаел за неправилностите во Агрокор уште пред 26 години.

За Ивица Тодориќ распишан е европски налог за апсење, а Интерпол – црвена меѓународна потерница. Тој најави дека ќе се врати во Хрватска кога ќе ја собере документација за своја одбрана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top