| четврток, 6 декември 2018 |

Крадците на НЛБ банка добија вкупно 20 години затвор

Вкупно 20 години затвор за грабежот на НЛБ банка им изрече кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на четворицата обвинети за најтешкиот грабеж на пари во историјата на Македонија, кој се случи во април.

Првообвинетиот Бобан Смилевски доби 9 години и 2 месеци за кривични дела затајување и тешка кражба, а второобвинетиот Горан Смилевски 6,5 години за истите кривични дела. Третообвинетиот Борис Мичевски доби 5 години и 2 месеци, а четвртообвинетиот Мирослав Каевски доби условна казна за кривично дело затајување.

Осудените треба на НЛБ банка да им го вратат целиот износ што го украле. На Бобан му е забрането да го оттуѓува станот од 55 квадрати кој е на негово име.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top