| четврток, 6 декември 2018 |

Макрон напиша песничка за 13 роденден на едно девојче, еве ја причината

Францускиот претседател Емануел Макрон напиша стихотворба за роденденот на едно 13-годишно девојче од Велика Британија.

Француската амбасада во Велика Британија денеска на Твитер и го честиташе роденденот на Софи, којашто пак, претходно напиша песничка за Ајфеловата кула, инспирирана од нејзината посета на Париз, и му ја испратила на Макрон.

– Тој за возврат, исто и напиша стихотворба, се вели во објавата на Амбасадата, покрај поемата напишана на француски и на англиски.

Во име на Ајфеловата кула пак, се вели: „Како само ми ласкате! Малкумина поети денес ја воспеваат мојата париска душа.”

Макрон често го истакнува вкусот кон литературата и уметноста. Во вторникот, при посетата на Стразбур тој пееше со хорот во локалната опера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top