| четврток, 6 декември 2018 |

Инвазија на отровни пајаци во Европа: Доаѓаат од Азија, огромни се, а постојат дури 87 нови видови

Стариот континент би можел да се најде во опасност поради навала на 87 нови видови пајаци кои во последните 150 години се населиле во Европа.

Имено, со доаѓањето на поладното време пајаците својот спас го бараат во нашите домови, а нивниот број набрзо ќе почне да расте поради зајакнувањето на светската трговија, се наведува во студија на универзитетот во Берн.
Истражувачите од институтот за зоологија истакнуваат дека нов вид на пајак во Европа стигнува на секој две, а таа динамика набрзо би можела да се промени и да почнат да доаѓаат секоја година.

Во студијата се наведува дека „увезените видови“ се пред се оние кои потекнуваат од Азија, често поголеми од автохтоните.

-Еволуцијата на климата во Европа, створува услови за живот кои се повеќе им одговараат на суптропските видови пајаци, поради што постои опасност од доаѓање на отровни видови, предупредува професорот по зоологија Волфганг Нентвиг.-

Тој додава дека од една страна е добро да се има пајаци затоа што фаќаат разни инсекти, нивниот острој се користи во фармацевстка индустрија, но сепак не е пријатно да се гледа додека ги освојуваат ќошевите по домовите.

Се јавува и страв од пајаци или арахнофобија, која е една од најчестите човечки фобии, а истражувањата покажуваат дека околу 15 проценти од лугето се ужаснуваат од тие животинчиња. Од друга странам, тие од нас се плашат, а како и поголемите ладнокрвни животни, ги привлекуваат толите домови на лугето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top