| четврток, 6 декември 2018 |

Египетски адвокат: Наша должност е да ги силуваме жените што се провокативно облечени

Египетскиот адвокат Набих ал Ваш предизвика остри критики кај јавноста кога во телевизиска емисија рекол дека национална должност е сексуално вознемирување и силување девојки што носат провокативна облека, како што се искинатите фармерки.

Овој истакнат екстремист, како што го нарекуваат медиумите, го рекол тоа за време на емисија во која се дебатирало за законот за проституција.

„Дали сте среќни кога ќе видите девојка што оди на улица додека ѝ се гледа половина од задникот. Јас велам дека кога девојка оди вака облечена, сексуалното вознемирување е патриотска должност, а национална должност е да се силува“, рекол тој.

Неговите коментари предизвикале бес во земјата, а египетското национално собрание најави тужби против телевизијата „Ал Асема“. Исто така, ќе побара и од другите медиуми да се воздржат од повикување гости, индивидуи, чии коментари повикуваат на насилство над жените.

Собранието најави и тужби против Ал Ваш и ќе побара објаснување за неговата изјава.

„Сите членови на собранието ја осудуваат оваа изјава, која експлицитно промовира силување и сексуално вознемирување“, се наведува во соопштението.

Изјавата на Ал Ваш следува еден месец откако египетскиот главен град Каиро беше прогласен за најопасен мегаполис за жените.

Минатата година Ал Ваш беше во центарот на вниманието на јавноста кога по дебатата со еден либерален ученик, го гаѓаше со чевел зашто тој рекол дека жените не мора да ги покриваат главите со превез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top