| четврток, 6 декември 2018 |

Бејта ја задолжил општината милион и пол евра: Таравари се жали – нема пари за плати

Доскорешниот министер здравство од Алијансата за Албанците Арбен Таравари штотуку ја презема функцијата градоначалник на Гостивар, а веќе стигна и да се пожали – општината е закопана во долгови, нема пари за плати.

„Поранешниот градоначалник на Гостивар Невзат Бејта откако изгуби на локалните избори и откако се поздрави со општинската администрација, ги испразни општинските каси, не оставајќи денар за плата на вработените.
Три дена по вториот круг од изборите, на 30, 31 октомври и 1 ноември, општина Гостивар, по наредба на поранешниот градоначалник Невзат Бејта, изврши трансакции со вкупна вредност од 6.774.276,00 денари или 111.053 евра“, се вели во соопштението на Општина Гостивар.

Според актуелниот градоначалник неговиот претходник ја напуштил општина Гостивар во долг од над 100.000.000,00 денари (1.639.344 евра).

Извор: Tetovasot.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top