| четврток, 6 декември 2018 |

Јоксимовиќ: Во Македонија публиката пее интонациски точно и уживам кога ја слушам!

На 11 ноември, Жељко Јоксимовиќ повторно доаѓа во Македонија на голем концерт, но како што вели нема да биде тоа свинг музика, како што беше во МНТ. Ќе има изненадувања за публиката, ќе има гости, негови пријатели-пејачи и многу добра музика. Неговиот престој во Скопје го искористивме да поразговараме за концертите, работата, напорот, снимање филм, поезија…

Во Скопје го промовиравте албумот „Два света“ кој одлично беше прифатен. Од овде ја почнавте всушност турнејата. Што ќе слуша публиката на 11 ноември во „Борис Трајковски“?

-На 11 ноември ќе биде класичен поп концерт, кој не е како концертот „Два света“, но благодарение на прекрасните концерти од минатата година кои ги одржав овде во Скопје, јас „Два света“ ги издигнав навистина на едно многу високо ниво и тоа беше вистински ветер во грб кој го добив овде во Македонија за проектот. Тоа не значи дека до крајот на годината нема да направам уште еден или два концерти овде исто со „Два света“, но ова е сепак е нешто што се вика мој „core business“, со што навистина јас се занимавам и кој опфаќа големи народни маси, големи посети и секако ми е драго имајќи предвид дека во салата „Борис Трајковски“ сум доживеал прекрасни концерти и громогласна поддршка на македонската публика на која со задоволство секогаш се враќам со тоа што секое следно враќање е обврзувачко да биде уште подобро. Подготвувам добар концерт, со добри музичари, со добар звук. Таа сала знае да биде незгодна за озвучување, но ние имавме среќа секогаш добро да звучиме и да се слушаме и сето тоа да изгледа многу добро. Можеби нема да верувате, но некои од снимките од концертите во оваа сала и денес сеуште знам да ги пуштам или да ги споделам на социјалните мрежи, бидејќи таков звук на публиката која пее во глас, а сето тоа во Македонија звучи интонациски многу точно, го пуштам и се сеќавам на тие убави моменти и тоа ми дава сила и поттик да продолжам да работам за концертот да биде колку што е можно подобар. Ако е тоа можно.

 

Целото интервју ќе го објавиме на денот на концертот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top